Брнабиќ: Србија троши повеќе од 700.000 евра дневно само на тестови

пред 4 години

Премиерката Ана Брнабиќ вели дека Србија троши повеќе од 700.000 евра дневно само на тестови за коронавирус, додавајќи дека тоа е цената за 20.000 тестови дневно.

Таа изјави дека ПЦР-лабораториите се отворени низ цела Србија од Суботица до Косовска Митровица, додавајќи дека со отворањето нови лаборатории се создаде можност да се направат повеќе испитувања, па сега се вршат повеќе од 25.000 тестови дневно.

„На резултатот од тестот кај нас се чека најмногу 12 часа. На 100.000 жители имаме најмногу тестирања во опкружувањето“, изјави премиерката.

Таа истакна дека се вложуваат многу пари за набавка на лекови, заштитна опрема, изградба на две ковид-болници во Батајница и Крушевац и дека оние што велат дека во овој момент се штити економијата, а не здравјето на луѓето, треба да знаат дека економијата е всушност здравје на луѓето.

Share
Scroll to Top