Белгиската полиција во петокот вечерта упаднала во геј бар во центарот на Брисел каде затекнала несекојдневна сцена – оргии во кои учествувале 25 мажи, меѓу кои и еден европарламентарец, како и неколку дипломати.
Како што пренесува британски ТВ6, полицијата не објавила националност или идентитет на мажите, а на лице место била пронајдена и дрога, но белгиските медиуми не наведуваат каква и колку.
Британските медиуми пренесуваат дека европарламентарецот се обидел да побегне, а кога го фатиле полицајците, се повикал на имунитетот.
Рацијата била спроведена бидејќи Белгија е во локдаун, што вклучува и забрана за работа на кафулињата и рестораните во цела земја. На сила е и полициски час, а физичкиот контакт мора да биде сведен на минимум.
Поради тоа, сите кои биле затекнати во барот и кои учествувале во оргијата се казнети со парични казни.