Потребни состојки:
1 шолја од 200 мл пиво
2 шолји масло
500-600 гр брашно (по потреба)
1 прашок за печиво
Шербет:
2 шолји (од 250 мл) шеќер
1 шолја вода
малку лимонов сок
мармалад од кајсија или сливи
ореви или бадеми
За валкање: 150 г кокос или мелени ореви
Начин на подготовка:
Малку брашно ставете на дното од садот. Ставете пиво, масло и промешајте со дрвена лажица, па додадете го прашокот за печиво. Додадете уште брашно за да добиете средно меко тесто. Нека отстои 15 минути, па расукајте кора и со тркалезен калап (или чаша) вадете парчиња од тестото. Во секоја пиварка ставете малку мармалад и јатка од орев или бадем, па затворете од сите страни. Наредете ги во тава покриена со хартија за печење и печете на 200 степени. Додека се печат пиварките, подгответе го шербетот. Во длабок сад ставете вода и шеќер да зовријат, па тргнете на страна. Печените колачи уште додека се топли (но, не врели) ставете ги во сирупот, па извалкајте ги во кокос.