Министерството за труд и социјална политика информира дека од утре, 3 декември 2020 година (четврток) започнува исплатата на Гарантираната минимална помош- ГМП, за месец ноември.
Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот Ковид-19, исплатата ќе се спроведе во две групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
– 3 декември (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,И, Ј, К, Л, Љ, М,
– 4 декември (петок) – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;
Корисниците на ГМП коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од 3 декември 2020 година.
Останатите права од социјална и детска заштита започнуваат со исплата на ден 4 декември (петок) , за граѓаните кои поседуваат дебитна картичка . Тие ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, за следниве права:
• Детски додаток
• Посебен додаток
• ЕПП за новороденче
• Родителски додаток за трето дете
• Родителски додаток за четврто дете
• Додаток за образование
• Надоместок за помош и нега од друго лице
• Еднократна парична помош
• Надоместок заради попреченост
• Цивилна инвалиднина
• Социјално домување
• Социјална сигурност за стари лица-социјална пензија
• Азиланти домување
• Парична помош за згрижувач
• Паричен надоместок за згрижувачко семејство
Исплатата на овие права ќе се спроведе во две групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
– 7 декември (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,И, Ј, К, Л, Љ, М,
– 9 декември (среда) – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;
Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.