Реал и Атлетико, на 12.декември, ќе го одиграат градското дерби на стадионот „Алфредо Ди Стефано“. Претходно, тимовите од Мадрид ќе треба да обезбедат место во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.
Постои можност Реал и Атлетико да не ја минат првата фаза. Во пресрет на последното коло, два клуба се втори во своите групи, иако Реал местото го дели со Шахтјор, кој е подобар во меѓусебните дуели.
Атлетико во последното коло ќе гостува во Салцбург. Победа или реми ќе ги однесат „јорганџиите“ во нокаут-фазата, евентуален пораз ќе ги пресели во Лига Европа.
За разлика од Атлетико, Реал може и да не игра на пролет во европските купови. Реал, во последното коло ќе ја пречека Борусија од Менхенгладбах. Победа че го однесе тимот на Зинедин Зидан во наредната фаза.
Во случај на реми или пораз, Интер ќе мора да го победи Шахтјор. Доколку Интер не победи, а Реал одигра загуби или одигра нерешено, тогаш „кралскиот клуб“ ќе биде трет во групата и ќе игра во Лига Европа.
Најлошо сценарио за Реал е да загуби од Борусија, а Интер да го победи Шахтјор. Во тој случај Реал ќе испадне од европските купови.