Во ОН почнува виртуелен самит посветен на пандемијата

пред 4 години

Речиси 100 светски лидери и министри денеска треба да говорат на специјалното заседание на Генералното собрание на ОН.

Седницата, која почнува денеска, ќе биде посветена на одговорот на Ковид-19 и најдобар план за закрепнување од пандемијата.

Претседателот на Генералното собрание на ОН, Волкан Бозкир, рече дека собирот ќе пружи историска шанса за земјите да се соберат и да го победат вирусот.

„ Со веста за повеќе вакцини што се одобруваат и со илјадници милијарди долари во глобални напори за закрепнување, меѓународната заедница има единствена шанса да го стори тоа правилно. Светот гледа на ООН за лидерство, ова е тест за мултилатерализам”, рече тој.

На дводневната специјална сесија посветена на пандемијата која досега однесе 1,5 милиони животи и ги наруши економиите на богатите и сиромашните земји, нема да се соберат пари за финансирање на вакцинацијата или за преземање какво било политичко дејствие или конечна декларација, само Бозкир ќе издаде документ со резиме од собирот.

Share
Scroll to Top