Кралицата Елизабета сама си ги мие чиниите по јадењето

Кралицата Елизабета сама си ги мие чиниите

пред 4 години

Британската кралица Елизабета самата си ги мие чинии по јадењето, пишуваат светските таблоиди. Еден од нејзините поранешни лични слуги, Пол Бурел открива како кралицата сака да ги извалка рацете за време на домашните работи.

Тој во разговор за подкаст со водителот Вики Патисон, открил дека кралицата секое лето, додека престојувала на имотот Балморал во Шкотска, често самата си ги мие садовите по секој нејзин оброк.

„Таа сака да оди на излето, а храната и ја подготвуваме ние. Но, затоа самата сака да си ги среди чиниите. Секогаш става гумени ракавици и внимателно ги мие садовите. Нејзината помошничка само со крпа ќе ги забрише“, вели нејзиниот батлер.

Тој вели дека кралицата не јаде премногу и дека секогаш зема само мали порции со храна.

„Таа јаде само божиќна вечера, како и повеќето како нас, кои ги преполнуваме чиниите додека не ги наполниме, па едвај ги гледаме другите членови од сеејството, зад божиќната маса“, изјавил 62. годишниот Пол, кој почнал да служи во кралското семејство уште на 18 годишна возраст.

Во 1987 година, тој и станал личен слуга на принцезата Дајана, се до нејзината смрт, десет години подоцна.