48 кошаркари во НБА се позитивни на Ковид-19

48 кошаркари во НБА се позитивни на Ковид-19

пред 4 години

Нова сезона во НБА лигата треба да започне на 22.декември. На три недели до почетокот на сезоната, лигата се соочува со големи проблеми. 10 отсто од тестираните кошаркари биле позитивни на коронавирусот.

НБА, во пресрет на новата сезона, врши редовни тестирања. Во периодот од 24. до 30.ноември биле тестирани 546 кошаркари, од нив 48 биле позитивни на вирусот Ковид-19.

НБА, не ги објавува имињата на заразените играчи, ниту прецизира за кои тимови настапуваат.

И покрај толку заразени, НБА соопшти дека поединечни позитивни тестови, нема да ги одложуваат натпреварите. Мерки за одложување на натпревари ќе се применуваат само доколку во еден тим има повеќе заразени.

Share
Scroll to Top