Данскиот супермодел, 51-годишната Хелена Кристенсен, е дел од секси празничната кампања на „Викторијас Сикрет“. Таа рекламира за долна облека, исто како и пред 24 години, кога првпат се појави на ревијата на овој американски бренд.
Покрај Кристенсен, во кампањата се вклучени и актуелните sвезди, меѓу кои и Шанел Иман, Кендис Сванепул и Јасмин Тоукс. Новата колекција се фокусира на „позитивноста, соработката и важноста на славењето на индивидуалноста“, пишува во соопштението од компанијата, а моделите содржат мешавина од животински принтови, пријатни текстури и детали од чипка.
Моделите што ги носи Хелена се веќе достапни во продавниците на брендот, но и за онлајн продажба.