„Зидан уништи две години од кариерата на Бејл“

„Зидан уништи две години од кариерата на Бејл“

пред 4 години

Поранешниот англиски репрезентативец, Питер Крауч, верува дека Герет Бејл ќе се врати во препознатливата форма, но дека за да дојде до тоа ќе му биде потребно време. Бејл, во летниот преоден рок, по седум години во Реал, се врати во Тотенхем.

„Луѓето беа нереални во очекувањата дека кога ќе се врати Герет веднаш ќе биде она брзо крило, на турбо погон. Кога играв со него, никогаш немав видено некој со толку енергија, горе-долу, горе-долу, во текот на сите 90 минути. Последните две години во Реал Мадрид му ги уништи Зинедин Зидан, кој го исфрли од тимот. Тоа има влијание врз неговата форма“, рекол Крауч.

Тотенхем, заедно со Ливерпул, во моментов се лидери во Премиер лигата.

„Сон и Кејн се волшебни во контра-нападите. Што повеќе го гледам Тотенхем се повеќе мислам дека тие се први кандидати за титулата. Герет ќе го одработи својот дел, сигурен сум во тоа“, рекол Крауч.

Share
Scroll to Top