(Видео) Oпштинските инспекциски служби отстраниja два нелегално изградени објекти во Општина Центар

пред 4 години

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, денес со механизација отстрани два нелегално изградени објекти на улицата „Водњанска“, односно една импровизирана градба и една дрвена барака.

Откако инвеститорите на двата објекти не постапија по решениjaтa издадени од Секторот за инспекциски работи, кои налагаат самите тие во законски предвиден рок од три дена самостојно да ги отстранат градбите, општинските служби пристапија кон присилно административно извршување, односно отстранување на градбите.

„ Ова е само почеток на акцијата на Општина Центар во борбата против нелегално изградените објекти на нејзина територија. Издадени се вкупно 18 решенија за отстранување на нелегално изградени објекти, за кои јавноста дополнително ќе биде известена“ велат од Општина Центар.

Општината и градоначалникот Саша Богдановиќ повторно упатуваат апел до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти, да постапуваат по издадените решенија за отстранување на објектите. Во спротивно, како што предупредуваат, општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопоственците на нелегално поставените објекти.

Share
Scroll to Top