Хрватките бесни на ЕХФ, наместо во сабота на терен уште во четврток

Хрватките бесни на ЕХФ, наместо во сабота на терен уште во четврток

пред 4 години

Ракометарките на Хрватска обезбедија пласман во вториот круг од Европското првенство, а селекторот Ненад Шоштариќ со право беше лут поради последната одлука на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Имено, одлучено било да се промени и терминот и противникот на Хрватките пред втората фаза од натпреварувањето.

Информацијата беше дека Хрватска својот прв меч од втората рунда треба да го игра в сабота, но наместо тоа, уште утре ракометарките повторно ќе се најдат на паркетот.

„Тоа што се случи во текот на вечерта и ноќта е надвор од паметта. Погледнавме синоќа на интерне и видовме дека ќе играме во сабота, а тогаш ни се јавија од ЕХФ по полноќ за да ни кажат дека во четврток играме против Романија. Не само што ни го променија дневниот план, туку и противникот. Не вреди многу да се нервира,е, одиме понатаму да им покажеме на сите дека сме доволно психички силни и дека можеме да се носиме со ваквите работи“ рече Шоштариќ.

Хрватска, како првопласирана во групата Ц требаше во сабота да игра против победникот на групата Д – Норвешка.

Наместо со Норвежанките, Хрватките утре од 18.15 часот ќе одат на мегдан со Романките.

Share
Scroll to Top