Националната аеронаутичка и вселенска агенција NASA синоќа ги откри имињата на 18 астронаути одбрани да учествуваат во подготовките на програмата за спуштање на површината на Месечината во рамки на проектот „Артемида“.
Половина од одбраните кандидати на оваа елитна група се жени, една од нив ќе биде и првата жена која ќе зачекори на Месечината.
Имињата на астронаутите беа обелоденети од потпретседателот Мајк Пенс при крајот на последниот состанок на Националниот вселенски совет на САД, чиј претседавач е тој. Состанокот се одвиваше во Вселенскиот центар Кенеди на Флорида, под една од трите ракети „Сатурн-5“, со која американските астронаути неколку пати се спуштија на Месечината во рамки на програмата „Аполон“.
NASA планира летот на Месечината да се случи до 2024 година.
Администраторот на NASA, Џим Брајдестајн, изјави дека составот на учесниците на групата за подготовки сигурно ќе се зголеми. Сега во НАСА работат вкупно 47 астронаути.
Некои од оваа група веќе имаат летано во вселената. Двајца од нив се Кејт Рубинс и Виктор Гловер кои престојувале во Меѓународната вселенска станица (МВС). Возраста на голем дел од учесниците е од 30 до 40 години, најстариот учесник има 55, најмладот 32.
Од останатите астронаути, Кејл Линдгрен, Ен Меклејн и Скот Тингл, веќе биле на МВС.