Џанлуиџи Буфон, живата легенда на светскиот фудбал, во вторникот, испиша нови страници во историјата на Лигата на шампионите.
Јувентус, во вторникот вечерта, ја декласира Барселона на „Ноу Камп“ со 3:0. Буфон, кој во јануари наредната година ќе наполни 43 години, со неколку одлични интервенции успеа да го одбрани својот гол.
Легендарниот Џиџи е првиот голман во историјата на елитното натпреварување што успеал да не прими гол на натпревар, во четири различни декади.
Рекорд што веројано никогаш нема да биде соборен.
Gianluigi Buffon is the first goalkeeper to keep a Champions League clean sheet in four different decades (1990s, 2000s, 2010s, 2020s).
— Richard Jolly (@RichJolly) December 9, 2020