Обвинет дилер кој криел дрога во својот автомобил

пред 4 години

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Обвинетиот 38-годишник, на 13 ноември, во своето возило „субару форестер“ неовластено заради продажба држел марихуана со вкупна нето маса од 109,59 грама, како и 42,42 грама амфетамин. Најпрвин, при преглед на возилото, на задното седиште била пронајдено помало полиетиленско пакување со амфетамин. Потоа при претрес и по детекција со службено куче, во импровизирана преграда во контролната табла, под радиото на автомобилот, била пронајдена останатата дрога.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетиот, бидејќи се уште постои опасност од криење и бегство, како и можност тој да го повтори делото, се наведува во соопштението.

Share
Scroll to Top