Малиот авион што исчезна вчера попладне во областа над планината Козара во БиХ сè уште не е лоциран.
Според АТВ, во авионот биле 34-годишен Србин и три години помлада Романка.
Во потрагата се вклучени полицијата на Република Српска, припадници на полициските оддели Приедор и Босанска Градишка, членови на Специјалната антитерористичка единица на Република Српска и на Републичката управа за цивилна заштита (РУЦЗ), како и локални ловци и планинари.
Синоќа на терен билe 50 припадници на специјалната единица за цивилна заштита под раководство на РУЦЗ. Потрагата продолжи утрово.