Австриски лекари: Третиот бран на коронавирус би бил несовладлив

пред 4 години

Австриските лекари предупредуваат дека третиот бран на зараза со коронавирус за болниците би бил надминат само условно. Нивото на дневни инфекции е сè уште високо, истакнуваат тие, додавајќи дека состојбата на интензивна нега е сè уште тешка.

Специјалистот за интензивна нега, Клаус Маркшталер предупреди дека на клиниката АКХ во Виена имаат тешки случаи на лица на возраст од 20 и 30 години.

Неговиот колега од Линц, Бернд Лампрехт, посочува дека болничкиот персонал бил изложен на екстремни напори со недели, поради големиот број на ковид-пациенти.

„Тој напор не може долгорочно  да се издржи“, рече тој.

Share
Scroll to Top