Конкурс на ИутеКредит Македонија за целосна стипендија во соработка со Американ Колеџ

пред 4 години

Како дел од грижата за генерациите кои доаѓаат и со цел овозможување на што подобро образование за сите, ИутеКредит Македонија во соработка со Универзитетот Американ Колеџ Скопје, доделува целосна стипендија за постдипломски студии на Факултетот за деловна економија и организациони науки.

„Во ИутеКредит Македонија сметаме дека знаењето е најдобрата инвестиција во иднината, па токму затоа одлучивме да им помогнеме на идните академски граѓани во земјата да добијат што е можно подобро образование, кое подоцна ќе го преточат во квалитет и успешно работење“, велат од компанијата.

Првата стипендија која ИутеКредит ja обезбедува за академската 2021 година е за постдипломски студии на Факулетот за деловна економија и организациони науки, а конкурсот за истата ќе биде отворен на 10 до 30 декември годинава.

Изборот на студент кој ќе ја добие стипендијата ќе биде направен врз основа на претходниот успех на студентот (просек 8), како и квалитетот на изработено истражување на тема „FinTech in Macedonia – Opportunities and Challenges”.

„Сметаме дека Финтек индустријата во светот, а и во Македонија е особено актуелна и ќе биде интересна тема за анализа и стекнување на нови познавања во оваа релативно нова област кај нас“, посочуваат од ИутеКредит Македонија од каде ги повикуваат и охрабруваат сите заинтересирани студенти да се пријават на конкурсот и да станат потенцијални стипендисти.

За ИутеКредит

ИутеКредит е основана во 2008 и е водечка европска компанија за лично финансирање. Преку своите подружници групацијата е специјализирана за потрошувачки кредити, а користи учество и кредитен капитал. ИутеКредит во моментов ги услужува клиентите на Молдавија, Албанија, Северна Македонија, Косово и Босна и Херцеговина.

До 31 март годинава, 300 лица вклучувајќи го и менаџерскиот тим и ИТ тимот, опслужија 150.000 активни кредитни клиенти и работеа со база од 430.000 корисници.

Кредитните производи на ИутеКредит се необезбедени потрошувачки кредити со рок на отплата помеѓу 1 и 36 месеци и автомобилски обезбедени кредити со рок на отплата до 60 месеци.

Мисијата на ИутеКредит е да создаде исклучително корисничко искуство во личното финансирање преку надминување на очекувањата на клиентите.

 

(ПР текст)

Share
Scroll to Top