„Врба“ со Мариово и Трескавец во трка за најдобра филмска локација во Европа

„Врба“ со Мариово и Трескавец во трка за најдобра филмска локација во Европа

пред 4 години

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски со Мариово и Трескавец влезе во трката за наградата Најдобра филмска локација во Европа. Оваа награда ја доделува Европската мрежа на филмски комисии, а прилепската област се најде во најдобрите пет локации во избор од 28 земји.

„Локацијата е апсолутно лик во приказната, така е во сите филмови на Манчевски. Македонската публика се гордее со неговите филмови и ги доживува и како дел од националниот идентитет, додека публиката во странство ги гледа филмовите на Манчевски и локациите како претставување на оваа мала земја, но и како нешто универзално“, вели продуцентот на „Врба“ Јане Ќортошев.

Останати финалисти за наградата се: Банска Штјавница од словачкиот филм „Дракула“, езерото Резија од италијанскиот филм „Курон“, замокот Моритсбург од германскиот филм „Ангелите на Чарли“ и црквата Пажаисли и манастирскиот комплекс околу неа во Литванија од филмот „Катерина Велика“. Наградата на победникот ќе му биде врачена во февруари на Берлинале.

„Врба“ е македонскиот кандидат за Оскар за 2021 година. За една година од светската премиера на Римскиот филмски фестивал освои пет награди, постигна рекорди во кино и ТВ-прикажувањето дома, доби одлични критики во светските медиуми и настапи на над 20 фестивали на четири континенти.

Share
Scroll to Top