Бразилецот Артур Мело од оваа сезона го носи дресот на Јувентус. Играчот од редот за врска, претходно играше во Барселона. Тој е еден од ретките фудбалери кои во кариерата биле соиграчи со двајцата најдобри во изминатите 15 години, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Артур, во интервју за „Гринголанда“, ги споредил Меси и Роналдо.
„Двајцата се родени победници. Тука се исти. Концентрирани се само на победата, ништо друго не ги интересира. Доколку постигнат три гола, веднаш размислуваат како да го постигнат и четвртиот, никогаш не се исклучуваат. Тоа е импресивно и делува мотивирачки врз останатите. Не тераат да бидеме подобри“, рекол Артур и дополнил.
„Роналдо е „кур..н син“. Тренира како животно, не знае да одмори, ги тера сите други да работат. Мене дури ми кажува што да јадам, кај него ништо не е случајно. Во споредба со Меси тој е многу подостапен. Со него полесно се соработува“.