Стотици ученици се водат како исчезнати по напад во средно училиште во северозападна Нигерија.
Напаѓачите стигнале со моторцикли и почнале да пукаат во воздух, поради што луѓето почнале да бегаат, рекле очевидци, пренесе Би-би-си.
Напаѓачите синоќа го нападнале државното средно училиште за наука, со повеќе од 800 ученици. Спасени биле над 200 ученици, а во потрагата по исчезнатите се придружила и војската и авијацијата.
Жителите кои живеат во близина на интернатот за момчиња, рекле за Би-би-си дека слушнале пукање околу 23 часот и дека нападот траел повеќе од еден час.
Обезбедувањето во училиштетот успеало да одбие некои од напаѓачите пред да стигне полицијата, соопштија властите.