Неделен хороскоп од 14 до 20 декември: Водолијата зависи од другите, љубовна недела за скорпијата

Неделен хороскоп од 14 до 20 декември: Водолијата зависи од другите, љубовна недела за скорпијата

пред 4 години

Овен

Страста што ќе ја покажете кон другата страна понекогаш ќе ја плаши. изгледа како точно дазнаете што сакате и очекувате да ви биде возвратено од саканата личност. Сепак, ќе треба малку повеќе такт и трпени за да се искристализираат ставовите. Бидете умерени. Ќе има денови кога ќе се затекнете во искушение од самозадоволство. вашата проценка на сопствените можности треба да биде реална и зрела. Во секој ваш потег се гледа она што го носите во себе. Затоа препуштете им на другите да зборуваат за вашата работа. Така ќе биде поубедливо. Мал пад на имунитетот.

Бик

Ќе се појави ново светло на вашето љубовно небо. Она што долго го чекавте се исполнува и нема дури да ви се верува дека се отвораат нови љубовни шанси. Дотерајте се и излезете надвор, меѓу луѓе. Сепак, не претерувајте со сопствената презентација. На работниото место ќе имате многу интересни содржини. Оние чиј карактер на работата е креативен, ќе имаат успех. Ќе биде нагласено поврзувањето со млади соработници. Вие самите ќе подготвувате нови, подобри услови за работа. Ќе се чувствувате дека можете повеќе и подобро. Потрудете се.

Близнаци

Со трпение и толеранција би можеле да го подобрите односот со саканата личност. Никаква расправија, а особено онаа мотивирана од љубомора нема да донесе резултати. Време е за играње со затворени карти, па бидете воздржани. Ќе биде добро. Вработените во сите дејности поврзани со акција ќе можат ќе можат во својата работа да дојдат до израз повеќе од кога било. Многумина ќе бидат препознаени како талентирани или барем како квалитетни работници. Другите ќе им бидат интересни на соработниците. Бидете она што сте и не се плашите.

Рак

Императив во вашиот приватен живот ќе биде забавувањето. Нема да тежнеете кон сериозна врска, барем не по секоја цена, но доколку се случи, ќе ја прифатите. Оние кои се веќе во врска, ќе се поврзат со младо друштво, па заедно ќе се забавуваат. Ќе биде добро. Можно е да се најдете во ситуација кога најсериозно ќе се мерат вашите постигнувања. Критериумите би можеле да бидат строги, но не се плашите – ги имате сите квалитети за да добиете заслужено добра оценка.Тоа ќе покрене некои трансформации. Помалку напрегање, повеќе одмор.

Лав

Согледувате дека не треба омраза ниту кавга, зашто тоа не води никаде. Подобро е да се повлечете и да размислувате во тишина, па и за она што во моментов не ви се допаѓа. Потоа опуштете се и фокусирајте се на она што е добро во вашиот приватен живот. Ќе најдете нешто. Техниката со еден удар да се убијат две муви , овој пат нема сосема да се оствари, но вашата способност да работите две работи во исто време ќе биде успешна.Затоа одлучете се за ова второто. Работите во тишина се нагласени, а вие низ сето тоа се борите за своите идеи. Наспијте се. Потребен ви е одмор.

Девица

Иако емотивно нема да го чувствувате она исполнување што сте го очекувале, вашиот позитивен и отворен став ќе ви носи некои љубовни поени. Партнерот ќе ја разбира вашата зголемена потреба за друштвеност. Некои ќе одат на забави со пријателите без план. Откако сте решиле еден проблем ќе работите со помалку напнатост и со поголемо задоволство. Сепајк, од вас и натаму ќе се бара зголемен ангажман. Така ќе биде уште оваа недела. Затоа засукајте ги ракавите и не поставувајте непотребни прашања. Прошетајте се пред спиење.

Вага

Елоквенција и отвореност ќе бидат вашите адути за заведување на личност од спротивниот пол. Понекогаш за другите ќе бидете недостижни. Сепак, предајте му се на оној што го сакате, а најмногу за да не зажалите подоцна. Љубовта можеби е далеку, но вие сте тука. Главниот мотив за работа оваа недела ќе ви биде соработка и прифаќање на понекој компромис. Не терајте по свое зашто главниот збор засега го водат некои други. Бидете отворени и кооперативни, па се ќе тргне во добра насока. Елиминирајте ги фрустрациите преку спорт.

Скорпија

Оние кои се вљубени, ќе сакаат интензивно, а другата страна ќе им возвраќа помналку интензивно. Сепак, нека го прифатат она што го имаат, зашто сите не сме во двојка во иста фаза. Самците ќе освојуваат брзо и лесно. Деновите се добри за љубов и за друштвен живот. Погледнете подобро околу себе и ќе најдете многумина кои би сакале дасоработуваат со вас. Потребно е подобро да се поврзете и да смислите поефикасен организационен план. Кога ќе го направите тоа, ви преостанува да постапувате според него. Вие тоа го можете. Анализирајте ги своите ставови.

Стрелец

Ако и натаму барате сродна душа, обрнете внимание на личностите кои ги среќавате на забави или на спортски приредби. Некому веројатно сте му привлечни и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска, вашиот однос ќе биде стабилен, а двете страни задоволни. Како што ќе минува неделата, ќе станува се појасно дека вие го имате потребното знаење и стручност, кое сега се бара. Многумина ќе покажуваат кон вас и ќе речат дека токму вие сте личноста што треба да се ангажира. Но, тој ангажман нема да дојде лесно, зашто ќе треба да соработувате. Бидете трпеливи.

Јарец

Првиот дел од неделата ќе донесе убави љубовни настани, а од средината на неделата работите се забавуваат. Вашето љубовно расположение ќе се намалува, шанситеза познанаства ќе бидат поретки, а оние во врска малку ќе се дистанцираат еден од друг. Пред вас е добра шанса за развој на кариерата или за усовршување во професијата. Без оглед на надворешните околности, прифатете го она што ви се нуди и тргнете во освојување на нови искуства. Ќе ги проширите хоризонтите, а нешто и ќе заработите. Не треба да ги намалувате сопствените критериуми.

Водолија

Сега ви е во целост јасно дека сакате и сте сакани. Единаствено се прашувате до кога тоа ќе потрае. Ова прашање сега е непотребно, а вашите грижи само ја оптоваруваат хармонијата во која живеете. Од вас зависи дали ќе се свртите кон светлоста или кон темнината. Ќе ви изгледа како се да е во рацете на накои други. Што е најлошо, ќе бидете во право. Во овој момент вие не можете многу да влијаете на работите, но тоа не значи дека нема да можете малку подоцна. За да го дочекате подготвени овој период, немојте да се нервирате. Соработувајте дипломатски.

Риби

Без оглед на внатрешната сигурност, ќе правите грешки во чекори. Од вас и вашата способност за самојконтрола ќе зависи успехот во приватниот живот. Потрудете се и дајте се од себе, но при тоа бидете реални. Сите шематски работи сега ве попречуваат. Ќе бидете во ситуација да се прилагодувате кон нови програми и тоа најчесто такви што ги смислил некој друг. Немојте бурно да реагирате, туку поминете низ тоа. Ништо друго не ви преостанува. Ако ништо друго, уште повеќе ќе созреете.

Share
Scroll to Top