Џејсон Момоа, на дете болно од рак, му го подари трозабецот од „Аквамен“

Џејсон Момоа, на дете болно од рак, му го подари трозабецот од „Аквамен“

пред 4 години

Актерот Џејсон Момоа, кој го глумеше Аквамен во истоимениот филм, му го подари трозабецот на момче болно од рак на мозокот. Момоа, пред неколку недели дознал дека седумгодишниот Дани Шин е негов голем обожаватет, па го контактираше преку апликацијата „Фејстајм“, пренесува „Ен-ем-и“. Неколку дена откако разговарале, тој му го испратил трозабецот.

Дани страда од ретка форма карцином на мозокот, наречен пинеобластом.

„Не верував дека ова може да се случи, но, ете стапивме во контакт со Џејсон, и неколку дена потоа тој разговараше со Дени, а потоа му го прати и трозабецот“, рекла мајката на момчето.

Share
Scroll to Top