По неуспехот да се пласира на ЕП, Србија остана без селектор

пред 4 години

Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) на седница на Управниот одбор потврди дека Љубиша Тумбаковиќ веќе не е селектор на фудбалската репрезентација, откако не успеа да ги квалификува „орлите“ на Европското првенство следната година по поразот од Шкотска во баражот.

ФСС потврди дека името на новиот селектор ќе биде познато до крајот на годината, бидејќи новиот квалификациски циклус за Светското првенство во Катар во 2022 стартува веќе во март. Според српските медиуми најголем кандидат за ова место е Владан Милојевиќ.

Тумбаковиќ дојде на позицијата на српски селектор од Црна Гора на 1 јули 2019 година, и ги водеше во само 14 натпревари – 6 победи, 5 ремија и 3 порази. Со него, Србија беше трета во групата Б зад Украина и Португалија, но по освојувањето на групата во Лигата на нации, во баражот прво ја совладаа Норвешка со 2:0, по што загубија од Шкотска на пенали по 1:1.

Share
Scroll to Top