Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот објави дека ќе се организира референдум за вклучување на одредбата за заштита на климата и заштита на животната средина во францускиот Устав.
Обраќајќи им се на членовите на Граѓанската конвенција за климатски промени, Макрон прецизираше дека реформата прво треба да биде усвоена од Националното собрание и Сенатот.
„Тоа ќе биде уставна реформа во еден член, еден член што прво ќе треба да го одобри Националното собрание, а потоа и Сенатот, а потоа ќе се организира референдум“, рече францускиот претседател.
Употребата на референдумот за воведување концепти на биодиверзитет, животна средина, борба против глобалното затоплување во членот 1 од Уставот е меѓу предлозите поднесени од Граѓанската конвенција за климатски промени.
Емануел Макрон на 14 јули рече дека сака што поскоро да ја заведе борбата против затоплувањето на климата во Уставот, што ќе биде голем чекор напред.