Германскиот министер за здравство, Јенс Спан изјави дека очекува Германија да започне со вакцинирање оваа година и дека 60 проценти од нејзиното население ќе бидат вакцинирани против коронавирус до крајот на летото 2021 година.
„ Нашата цел е да ја добиеме вакцината лиценцирана пред Божиќ и да започнеме со вакцинирање во Германија оваа година“, рече министерот за здравство Спан.
Според проценките на Светската здравствена организација, 60-70 проценти од населението треба да се вакцинираат за успешност на борбата против пандемијата.
„ Ние уште од самиот почеток се залагавме за вакцината да биде лиценцирана за редовна употреба на ниво на ЕУ“ истакна гхерманскиот министер.
Клучна, рече тој, е одлуката на Централноевропската канцеларија за лекови (ЕМА), која сè уште не издала дозвола за вакцината на германската компанија „БионТех“ и американскиот „Фајзер“.
Во меѓувреме, се појавија критики дека вакцината на „БионТех“ и „Фајзер“ веќе се користи, на пример во Велика Британија, додека земјите од ЕУ сè уште мораат да чекаат.
Спан рече дека нарачала и 13 милиони вакцини од Астра/Зенека, кои се очекува да бидат објавени во првиот квартал од следната година.