Мајкл Фокс за средбата со Дајана - „Тоа беше ноќен кошмар“

Мајкл Фокс за средбата со Дајана – „Тоа беше ноќен кошмар“

пред 5 години

Холивудскиот актер Мајкл Фокс проговори за неговата средба со принцезата Дајана, од пред 35 години. Актерот во Tonight Show кај водителот Џими Фалон, се потсетил на средбата со Дајана, за која вели дека не поминала на начин на кој тој се надевал дека ќе поминела.

Средбата се случила 1985 година, на премиерата на филмот Back to the Future во Лондон.

„Дајана седеше до мене. Светлата се угаснаа, филмот почна, а јас сватив дека сум оддалечен од принцезата за една прегратка или едно лажно зевање“, се пошегувал актерот.

Иако вели дека вечерта почнала одлично, работите тргнале на лошо, кога сватил дека морал да отиде во тоалет.

„Филмот почна, а мене почна да ми се оди многу во тоалет. И така до кајот на филмот останав да седам. Беше мачење“, вели Фокс.

Тој објаснува дека не можел да стане да отиде во тоалет, затоа што на тој начин ќе ѝ го свртел грбот на Дајана.

„Тоа беше агонија. Можеше да биде најдобрата вечер во мојот живот, да се дружев со Дајана, но испадна еден ноќен кошмар“, се присетува Фокс.

Иако од трагичната смрт на принцезата Дајана која го шокираше светот, минаа 23 години, таа сѐ уште популарна, а за нејзиниот живот се зборува до ден денес.

 

Share
Scroll to Top