Поп- пејачот Давид Темелков учестуваше на најголемиот радиски проект на белградското Радио С “Ѕвездите пејат“. Поводот беше дуетот со пејачката Ивана Петерс, а ја отпејаа преработката на популарната „Годинама“ , големиот хит на Дино Мерлин и Ивана Банфиќ.
Преработката на Давид и Ивана е во сосема нов модерен звук, а тие снимија и видео спот. На гостувањето во белградското студио на Радио С раскажуваа за нивната соработка, како и импресиите што се поканети да гостуваат во еден ваков радиски проект .
Во „Ѕвездите пејат“ освен Давид гостуваа и многу други млади талентирани пеачи.