Рома рутински до победа над Торино

Рома рутински до победа над Торино

пред 4 години

Рома стигна до убедлива 3:1 победа над Торино во последниот меч од 12. коло во Серија А, доминирајќи над „биковите“ кои поголем дел од мечот го одиграа со 10 играчи.

Вилфрид Синго успеа да добие два жолти картони за 14 минути, ослабувајќи го тимот на Марко Џампаоло, по што „волчицата“ лесно стигна до 2:0 водство на полувреме – Хенрих Мхитарјан во 27. минута стрелаше за 1:0, пред во 43. минута од белата точка Жордан Верету да зголеми на 2:0.

Лоренцо Пелегрини во 68. минута го постигна третиот гол на мечот, пред Андреа Белоти во 73. минута да намали на 3:1. Со победата, Рома е на четвртото место на табелата со 24 поени, колку што има и третопласираниот Јувентус и четири зад лидерот Милан. Торино останува на претпоследното место на табелата со 6 поени, колку што има и претпоследниот Кротоне и само поен зад Џенова на Горан Пандев.

Share
Scroll to Top