Затворена кафеана во Дебар Маало во која имало 30 гости по 21 часот

пред 4 години

Полицијата во соработка со Државниот пазарен инспекторат, вчера (17 декември) околу 22 и 30 часот затворила кафеана во Дебар Маало, поради непoчитување на владините мерки за работа на рестораните до 21 часот.

Како што информираат од МВР, при контролата на угостителскиот објект лоциран на улица „Дебарца“, во него биле затекнати 20 до 30 гости.

Објектот бил запечатен, односно му била изречена мерка забрана за вршење дејност.

По целосно расчистување и документирање на случајот, во кооординација со Јавен обвинител, против одговорното лице ќе биде изготвенa пријава под сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Share
Scroll to Top