Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија даде согласност за увоз на вакцина против коронавирус што ја развија „Фајзер“ и „Бајонтек“.
На 2 декември, „Фајзер“ и „Бајонтек“ доставија документација за регистрација на вакцината против коронавирус во Србија, по што Агенцијата за лекови и медицински помагала започна со проценка на документите и темелно проучување на сите фази на тестирање, со цел да се потврди ефикасноста и безбедноста на вакцината.
Имунизацијата со вакцината на „Фајзер“ веќе започна на 8 декември во Велика Британија, а Американската агенција за храна и лекови (ФДА) даде дозвола за итна употреба на таа вакцина.
Вакцината на „Фајзер“ е исто така дел од програмата Ковакс.