Google објави нови измени во полисата на користење на своите Gmail, Docs и Google Photos сервиси. Во напорите да ја намали количината на неискористен простор, Google ќе ги брише податоците на корисниците од споменатите популарни сервиси, на профилите кои се неактивни повеќе од две години.
Од 1. јуни, 2021. година, Google ќе спроведе нова полиса на користење која се применува на просторот на складирање на неколкуте сервиси на компанијата. Потоа, од 1. јуни 2023. година, Google ќе ги брише податоците од Drive, Docs, Sheets, Slides, Jamboard, Gmail, Photos, Drawings, Forms и Sites на профилите кои се неактивни повеќе од две години.
Google објаснува дека корисниците кои не сакаат нивните податоци да бидат избришани, да продолжат да ги користат сервисите поврзани со нивните профили, било преку Google апликацијата или преку браузерот со цел налогот да го одржат активен.
Оваа промена нема да се однесува на Google One корисниците кои плаќаат месечен надомест за сервисот, ниту за Google Workspace GSuite for Education или GSuite за непрофитните организации.
Би можело да ве интересира
Користете го Google како во 1998 година: оваа страница ве враќа на почетокот
Во Кина расте побарувачката за клонирани миленичиња
Оваа година нема да има Galaxy S22 FE телефони, позната и причината
Како да препознаете дека имате вирус на смартфонот?
Брзи монитори од 480Hz наскоро можат да станат реалност
Samsung Galaxy Z Fold 3 ќе поддржува S Pen Pro пенкало
