Од Јужна Африка пријавиле нов вид на коронавирус, велат кај нив тоа го покренало вториот бран на епидемија

Од Јужна Африка пријавиле нов вид на коронавирус, велат кај нив тоа го покренало вториот бран на епидемија

пред 4 години

Јужна Африка идентификувала нова варијанта на коронавирус која го покренала вториот бран на зараза, изјавил тамошниот министер за здравство Звели Мкизе, само неколку дена откако Британија соопштила дека пронашла нова варијанта на ковид 19, пишува српски Курир, повикувајќи се на „Индекс.хр“

„Го повикавме овој состанок за да соопштиме дека нашите генетичари идентификувале нова варијанта на вирус SARS-CoV-2, која во моментов ја нарековме варијанта 501.V2“, напишал на „Твитер“, Мкизе.

„Собраните докази силно сугерираат дека овој вид кај нас го има покренато вториот бран на пандемијата“, додал тој.

Во Јужна Африка, досега забележани се повеќе од 900.000 инфекции на ковид 19 и 24.000 смртни случаи. Во последните неколку дена, во таа држава се забележани околу 10.000 новозаразени дневно, додека од почетокот на ноември, оваа бројка се движела околу 1200.

Од Светската здравствена организација, како што пренесува „Курир.рс“, истакнале дека се во контакт со јужноафриканските експерти, кои ја идентификувале оваа нова варијанта. Од таму додале дека засега нема знаци како дошло до промена во начинот на однесување на новиот вид на вирус.

Извор/Курир.рс

Share
Scroll to Top