Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска одлучува за одобрување на првата вакцина против коронавирус во Европската Унија, која е произведена од „Фајзер“ и „Бајонтек“, а нејзиното пристигнување во Хрватска се очекува на 26 декември.
Институтот за јавно здравје е надлежен за планот за вакцинација во Хрватска.
„Првите дози ќе бидат во почетни количини“, им рече на новинарите директорот на Агенцијата за лекови и медицински помагала (ХАЛМЕД), Синиша Томиќ.
Тој најави дека по одобрувањето, сите детални информации за лекот ќе бидат објавени, најпрво на англиски јазик, а потоа и на јазиците на сите членки на ЕУ.
Информациите ќе вклучуваат упатства за пациентот и краток опис на составот на лекот, како и оцена.
Податоците ќе ги содржат сите податоци и знаење, вклучително и несакани ефекти и контраиндикации, сè што обично го придружува секој лек, рече Томиќ.
ХАЛМЕД и ХZЈЗ ќе бидат одговорни за можните несакани ефекти во Хрватска.