„Ги разбирам навивачите на Реал, тешко им е да признаат дека Меси е најдобриот во историјата“

„Ги разбирам навивачите на Реал, тешко им е да признаат дека Меси е најдобриот во историјата“

пред 4 години

Поранешниот капитен на Барселона, Карлес Пујол, рекол дека навивалите на реал Мадрид не можат да прифата дека Лео Меси е најдобриот фудбалер во историјата.

Пујол кариерата ја заврши во 2014 година, со Меси осум сезони бил соиграч, а за Барселона одиграл 593 натпревари.

„Доколку ме прашате кој е најдобриот кошаркар на сите времиња, ќе ви одговорам, Мајкл Џордам. Мислам дека и Меси го има тој статус, тој е најдобриот фудбалер во историјата“, рекол 42-годиникот.

„Јасно ми е дека навивачите на Реал никогаш нема да се согласат дека тој е најдобриот во историјата, секој има право на свое мислење, но во овој случај тука се неговите голови, тие се објективен показател. Имавме среќа што толку долго можеме да уживаме во неговите игри. Бројките не се измислени, а токму тие покажуваат дека нема подобар од Лео“, рекол Пујол и дополнил.

„Верувам дека Барса предводена од Лео ќе продолжи да освојува трофеи. Во Барселона ги урна сите рекорди, не верувам дека ќе се појави некој како Лео. Постави високи стандарди“.

Меси, во неделата, го постигна својот 644 гол за Барселона, со што го надмина рекордот на Пеле и неговите 643 гола постигнати за Сантос.

Share
Scroll to Top