(Фото) Мајкл Даглас стана дедо: Те сакам Рајдер

(Фото) Мајкл Даглас стана дедо: Те сакам Рајдер

пред 4 години

Холивудскиот глумец Мајкл Даглас вторпат стана дедо. Тој објави слика на „Инстаграм“ од најстариот син Камерон со неговото семејство, и ги изненади фановите, оти ретко објавува фотки на социјалните мрежи.

„Ви честитам Камерон и Вивиен! Добредојде на свет, Рајдер Т. Даглас, те сакам. Јас сум горд дедо,“ напиша 76-годишниот глумец.

И неговата сопруга, Кетрин Зета-Џонс, им честиташе на Камерон и Вивиен.

„Се роди нов Даглас. Добредојде во светот, Рајдер Т. Даглас“, напиша таа.

Камерон е син на Мајкл од првиот брак. Тој имаше доста проблематичен живот и беше зависник од дрога во раните тинејџерски години. За својата состојба често го обвинуваше татка си, па тие долго време не разговаараа, но се смирија пред неколку години.

Share
Scroll to Top