(Фото) Синот на позната дизајнерка паднал од жичница: драма на скијање

(Фото) Синот на позната дизајнерка паднал од жичница: драма на скијање

пред 4 години

Синот на американската дизајнерка Рејчел Зои, Скајлер (9), имаше страшна несреќа на скијање во неделата, кога падна од жичница висока 12 метри. Тој моментно е во болница, но, за среќа, сè заврши добро. Рејчел сега објави преку својот профил на „Инстаграм“.

„Го објавувам ова за да ве потсетам сите колку е навистина кревок животот, понекогаш не сме свесни дека сè може да се промени во дел од секундата. За среќа, Скај закрепнува, тој е најхраброто момче што го познавам. Иако јас и татко му сме потполно скршени, денес се разбудивме благодарни за ова чудо и фактот дека нашето дете е безбедно и во ред“, напиша и објави фотографија од својот син на болничкиот кревет.

 

„Скај е одлично расположен сега, тој сè уште е збунет и во болки, но покажа дека е вистински шампион. Јас и мојот сопруг никогаш не сме биле повеќе благодарни што сега гледаме како нашето дете оди, се смее, зборува. За волја на вистината, тој беше похрабар и од двајцата – ние сè уште само го бакнуваме, гушкаме и само гледаме во него. Гушнете ги вашите бебиња денес од нас“, им порачала Рејчел на своите следбеници.

Share
Scroll to Top