Поранешниот будистички монах Тензин Уген, кој е роден како маж 1997 година, го смени полот и стана првиот тибетски трансродов модел, пренесува Телеграф. Денеска се вика Тензин Марико и има успешна кариера.
Марико пораснала со шест браќа во Индија, а нејзините родители ја напуштиле кинеската провинција Тибет во ’90-те години на минатиот век. И покрај тоа што вели дека знаела дека е всушност жена уште од 9-годишна возраст, Тензин поминала години во монашко образование, но никогаш не се чувствувала добро во таа униформа.
Пред седум години отишла на свадба на свој другар облечена во фустан, перика и потпетици, и тогаш сфатила дека како жена се чувствува природно и посигурно. По ова го сменила полот.
Монашката заедница ја избркала од своите редови, јавнста ја навредувала и ја малтретирале, но таа сепак се пријавила на изборот за Мис на Тибет 2015 година. Денес има многу следбеници на социјалните мрежи, вклучувајќи и Тибетанци.