Една нова студија тврди дека маските блокираат 99,9 проценти од големите капки: „Нема сомнение дека маските за лице можат значително да ја намалат дисперзијата на капките што потенцијално го носат вирусот“.
Маските за лице го намалуваат ризикот од ширење големи капки поврзани со опасноста од ширење на коронавирус кога лицето зборува или кашла за 99,9 проценти, покажа истражувањето чии резултати ги објавија научниците во средата.
Лице во исправена положба на два метра од друго лице кој кашла без маска е изложена 10.000 пати повеќе на ширење капки што потенцијално го носат вирусот, објави Кралското отворено научно друштво.
„Несомнено е дека маските за лице можат значително да ја намалат дисперзијата на капките што потенцијално го носат вирусот“, изјави за францускиот печат водечкиот автор на студијата Игнасио Марија Виола, експерт за динамика на течности на Универзитетот во Единбург.
Авторите на студијата велат дека капките што се исфрлаат како проектил за време на разговор или кашлање, а потоа паѓаат на земјата поради гравитацијата, се главниот двигател на преносот на вирусот Сарс-КоВ-2.
Помали капки, кои формираат аеросоли, можат да останат во воздухот долго време и да претставуваат ризик, особено во затворени, слабо проветрени места, без струење на воздух и кога луѓето не носат маски или ги носат погрешно, под носот.
„Постојано издишуваме низ капки, од микро нивоа до милиметарско ниво“, а некои паѓаат на земјата побрзо од другите, во зависност од температурата, влажноста и особено протокот на воздух, додаде научникот.
Студијата е концентрирана на честички поголеми од 170 микрони во дијаметар, приближно два до четири пати поголеми од човечката коса. Аеросолните честички се помалку од 20 до 30 микрони. „Во нашата студија, за поголемите капки што ги измеривме, зборуваме за намалување од 99,9 проценти“, нагласува Игнасио Марија Виола.
Универзалното носење маски би го намалило бројот на смртни случаи во светот за 40.000 до 1 април, соопшти Институтот за здравствена метрика и проценка на Институтот во Сиетл, Вашингтон.
Центрите за контрола и превенција на болести во Вашингтон велат дека маските не само што ефикасно блокираат поголеми капки, туку можат да блокираат и фини капки и честички, кои обично ги опишуваме како аеросол, пренесува AFP.
Дијаметарот на вирусот САРС-CoV-2 што предизвикува ковид 19 е околу 0,1 микрони.