Заев: Легализацијата не е привилегија само за богатите, секој граѓанин ќе може да одгледува по 2-3 стебла марихуана

пред 4 години

Премиерот Зоран Заев на денешната седница за пратенички прашања рече дека легализацијата на марихуаната нема да значи само привилегија за богатите.

„Нашиот став во однос на ова прашање е јасен. Ова нема да биде привилегија само на богатите да инвестираат или слично, целта е да се овозможи на секој граѓанин, на пример, од две до три стебла под контрола на агенцијата, која што е предвидена во самиот закон, за сопствена потреба да може да ги користи или пак може да ги делегира на компанија, да ги одгледува за него како што и сега се бележи секое стебленце со посебен број со посебна контрола или слично“, порача премиерот.

Тој нагласи дека со легализација на канабисот истовремено се отвораат нови економски потенцијали и развој на одредени стопански гранки.

Share
Scroll to Top