Луис Суарез го постигна својот осми гол во 11 меча оваа сезона, за да им обезбеди на Атлетико Мадрид 1:0 победа над Хетафе и одвојување на +3 поени пред Реал Мадрид (со натпревар помалку), во 500-тиот меч на Диего Симеоне на клупата на „рохибланкос“, потврдувајќи ги шампионските амбиции на клубот.
Во 20-тата минута од мечот, по очигледно добро испланирана акција од слободен удар, Суарез беше брутален и им донесе водство на „јорганџиите“ кое го заддржија до крајот на мечот против незгодниот противник. За Уругваецот ова е осми гол оваа сезона по трансферот од Барселона, каде што беше непожелен од новиот тренер Роналд Куман.
What an absolutely incredible set piece goal this is ?
Thomas Lemar, Yannick Carrasco and Luis Suarez, take a bow! ? #AtletiGetafe
— Football Nexus (@ftblnxs) December 30, 2020
Атлетико по одиграни 14 меча имаат 35 поени на табелата, пред Реал со 32, кои вечерва гостуваат кај Елче, а веќе имаат одиграно 15 мечеви. Хетафе е на 14. место со 17 поени.
Одличната низа на Селта Виго, пак, продолжи со одличната игра со 2:1 победа над Уеска. Нолито и незаменливиот Јаго Аспас донесоа 2:0 водство за клубот од Галиција, пред Хаиме Сеоане да намали на 2:1.
ЛА ЛИГА, 16.КОЛО
Атлетико Мадрид – Хетафе 1:0
Селта Виго – Уеска 2:1