Калифорнија го потврди првиот случај на новиот, позаразен вид коронавирус и стана втората држава во САД која има пациент инфициран со овој вид вирус. Пред Калифорнија прв случај на новиот вид коронавирус беше потврден во Колорадо.
Гувернерот а Калифорнија, Гевин Њусом изјавил дека заразеното лице е од Јужна Калифорнија, а тоа го открил за време на јавен онлајн разговор со првиот имунолог во САД, Ентони Фаучи.
„ Жителите на Калифорнија не треба да мислат дека ова е нешто чудно, туку дека е очекувано“ рекол Фаучи.
Првото лице во САД кое е инфицирано со новиот вид коронавирус е национален чувар на паркот во Колорадо, кој влегол да помогне во старски домови за време на пандемијата, но здравствените работници се сомневаат дека и неговиот колега најверојатно го има истиот вид вирус.