Српскиот пејач Аца Лукас гостуваше во популарната емисија „Амиџи шоу“. Тој раскажа од сè по нешто, па и за коцкањето.
„Еднаш реков дека нема никогаш повеќе да се коцкам кога загубив голема сума пари, но потоа си го погазив зборот. Губев и по 200 илјади. Јас барем имав тезги, па губев, а овие луѓе бараат помош, бараат итно. Нема работа, а некои од нив што добиле помош имаат корона веќе десет години, десет години никој ништо не работи.
Срамота за оној што бара помош од државата. Една пејачка рекла: „Ме уби короната, немам работа, немам леб да јадам“. Па немаш леб веќе девет години, никој не те бара. Срамота е некој да има пет стана и да бара помош од државата“, рекол Аца во емисијата „Амиџи шоу“.