Владата на Косово одвои 100.000 евра за Хрватска за санирање на штетите по земјотресот што ја погоди таа земја.
Со оваа одлука владата на Косово им се придружува на земјите што изразија солидарност со Хрватска.
„Владата изразува посветеност и подготвеност да им помогне на граѓаните и институциите на Хрватска во надминување на тешката состојба со која се соочуваат по земјотресот што ја погоди оваа земја пред неколку дена“, се вели во соопштението на косовската влада.
Ден по земјотресот, в.д. претседателот Вјоса Османи и премиерот Авдулах Хоти ѝ понудија помош на Хрватска со испраќање припадници на силите за безбедност на Косово за спасување и санирање на последиците од земјотресот.