Заврши новогодишниот шопинг и пакувањето на подароците, време е за новогодишните декорации на трпезата. Неколку внимателно одбрани детали се доволни за трпезата да стане волшебна.
Поставете ја прекривката, а веднаш потоа наредете ги чиниите и приборот чија боја соодветствува со прекривката. За салфетите употребете разни панделки во јаки бои, парчиња цимет, рузмарин и сл.
Обидете се годинава да направите поинакви празнични декорации. Постојат разни шик- идеи како можете да ја украсите новогодишната трпеза, почнувајќи од мали украси во чиниите, па сѐ до впечатливи околу масата и на столчињата.