Од Вардар, под мост помеѓу селата Чегране и Тумчевиште, вчера е извлечено безживотно тело на маж, а според првичните сознанија на гостиварското обвинителство, станува збор за насилна смрт предизвикана од огнено оружје.
Основното јавно обвинителство Гостивар вчера изврши увид на лице место откако во водите на реката Вардар беше пронајдено безживотно тело на маж на возраст меѓу 30 и 40 години.
„Првичните сознанија упатуваат дека станува збор за насилна смрт предизвикана од истрели од огнено оружје. Со цел утврдување на причините за смртта како и идентификација на жртвата, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот“, соопшти обвинителството.