Кутињо утре ќе биде опериран

Кутињо утре ќе биде опериран

пред 4 години

Фудбалерот на Барселона, Филипе Кутињо, во сабота ќе биде опериран. Бразилецот, се повреди во последниот меч во 2020 година, против Еибар (1:1).

Кутињо, против Еибар, во игра влезе во вториот дел, а се повреди по само 25 минути игра. Бразилецот утре ќе го оперира менискусот во левото колено.

Повредата на фудбалерот и ги засипа плановите на клупските челници. Медиумите шпекулираа дека клубот ќе се обиде да го продаде за 50 милиони евра.

По операцијата прогнозите се дека Кутињо ќе биде на рехаблитација четири месеци.

Share
Scroll to Top