Александра Бурсаќ од „Гранд“ ограбена на новогодишната ноќ

Александра Бурсаќ од „Гранд“ ограбена на новогодишната ноќ

пред 4 години

Пејачката Александра Бурсаќ, која се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“ била ограбена на Нова година. Таа за српските медиуми потврди дека непознати лица влегле во нејзиниот стан и дека украле накит и пари.

„Вистина е дека ми го ограбија станот на дочекот на Нова година, но занради истрагата не можам да откривам детали“, рекла пејачката.

Според таблоидот „Скандал“, кој се повикува на извор близок до пејачката, таа била излезена од дома само два часа на 31 декември. Кога се вратила, видела дека влезната врата од станот е отворена, а дека крадците влегле низ прозорецот што го оставила отворен.

Полицијата веднаш извршила увид и зеле отпечатоци од прсти. Станот бил целосно растурен, а на мебелот имало траги од валкани чевли. Неофицијално, кражбата ја извршиле двајца луѓе и полицијата веќе има осомничени.

Share
Scroll to Top