Пјер Карден погребан во ковчег што самиот си го дизајнирал

Пјер Карден погребан во ковчег што самиот си го дизајнирал

пред 5 години

Легендарниот француски моден дизајнер Пјер Карден беше погребан во Париз. Погребот на гробиштата „Монмартр“ беше во присуство на најблискиот круг на семејството и пријателите, пренесува Би-би-си. Карден почина на 29 декември минатата година на 98-годишна возраст.

Црниот ковчег беше украсен со меч дизајниран од Карден, а на сечилото беа стилизирани ножици, игла, напрсток и калем со конец.

Тој беше погребан покрај неговата поранешна партнерка Андреа Оливер, која почина во 1993 година.

Пјетро Константе Карден е роден 1922 година, а како дете со родителите се преселил во Франција.

За време на својата седумдесетгодишна кариера, Карден доби статус на моден револуционер и е еден од најзаслужните за златната доба на оваа индустрија по Втората светска војна.

Тој основал своја модна компанија во 1950 година и се проби на големата сцена благодарение на футуристичките креации и вселенската колекција од 1964 година.

Веста за неговата смрт предизвика реакции во светот на модата.

Модниот дизајнер Жан-Пол Готје му се заблагодари на Карден што му ги отвори вратите на модниот свет и го претвори неговиот сон во реалност.

Share
Scroll to Top