Полјакот Камил Стох победи на традиционалната новогодишна турнеја, Четири скокалници. Стох на последната станица, скокалницата во Бишосхофен, победи со скоковите од 139 и 140 метри. Претходно Стох победи и на скокалницата во Инсбрук.
Камил Стох трет пат во кариерата ја освои турнејата, претходно славеше во 2017 и 2018 година.
Стох со третата победа на новогодишната турнеја, на вечната листа се израмни со Хелмут Рекнагел и Бјерн Виркол. Пред него се само Јенс Вајслог со четири и Јане Ахонен со пет титули.
На скокалницата во Бишфсхофен, второто место го освои Норвежанецот Линдвик, а трет беше Германецот Гајгер.
Во вкупниот пласман Стох освои 1.111,6 поени, Гајгер имаше 1.062,5, а сонародникот на Стох, минатогодишниот победник Кубацки на третото место освои 1.057,8 поени.